!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Руско МНР: Меѓународната заедница да застане против територијалните претензии на Албанците


       
Москва, 21 април, 2017 - 20:06 (META) 

„Сметаме дека е неопходно меѓународната заедница одлучно да им укаже на Тирана и на албанските политичари во другите балкански земји на неприфатливоста на актуелизирањето на територијалните претензии и на размислувањето за прекројување на границите во регионот. Ги повикуваме западните партнери да се придржуваат на духот на меѓународното право и на здравиот разум, а не на лоши шеми на двојни стандарди“, порача денеска Одделот за информирање и за медиуми на Министерството за надворешни работи на Русија.

„Со особена зачуденост ги следиме редицата неодамнешни изјави на албанските политичари за прекројувања на границите на Балканот. Констатираме дека среде шумот на празните обвинувања на Русија за обиди за дестабилизација на состојбата во Југоисточна Европа, се преземаат мерки за заживување на големоалбанскиот проект, а сега базирани на уставот на Албанија, кој на Тирана ѝ дава право на заштита на интересите на Албанците во другите земји“, се вели во коментарот.

Во текстот се вели дека во тој дух се изјавите на албанскиот премиер Еди Рама и на косовскиот претседател Хашим Тачи за обединување на делови од Србија со Косово, а „под покритие на лицемерните разговори за стабилизација во регионот под чадорот на НАТО, всушност се поткопуваат темелите на стабилноста, се фаќа курс кон прекројување на балканските граници и нагло се зголемува нивото на потенцијалите за конфликти“.