fbpx

Руски државјанин роден во Киргистан осомничен за нападот во Санкт Петербург

-

Руски државјанин, роден во Киргистан е осомничен за бомбашкиот напад во воз, во метрото во Санкт Петербург во кој, вчера загинаа 14 лица, а 49 беа повредени, јавуваат руските агенции, повикувајќи се на службите за безбедност во земјата.

Киргистанските безбедносни служби, како што пренесува „Би-би-си“, го идентификувале напаѓачот како Акбарзон Јалилов, кој, според информациите, бил роден во градот Ош во 1995 година.

Инаку, претходно осомничен беше маж со брада, кој беше снимен од безбедносните камери, но тој, според информациите на медиумите, сам се пријавил во полиција, по што било утврдено дека не е поврзан со нападот.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој беше во посета на Санкт Петербуг кога се случи нападот, синоќа го посетил местото на експлозијата каде положил букет цвеќе на влезот од метрото.

Советот за безбедност на Обединетите нации го осуди „варварскиот и кукавички терористички напад“ во Санкт Петербург и повикал сторителите на злосторството да бидат изведени пред лицето на правдата.

Американскиот претседател Доналд Трамп, како што соопшти Белата куќа, телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, при што му изразил сочуство и му дал целосна поддршка во борбата против тероризмот.

„Претседателот Трамп и претседателот Путин се сложија дека е потребно тероризмот дефинитивно и брзо да биде совладан. Претседателот Трамп ја понуди целосната поддршка на американската влада во одговорот кој Москва ќе го даде по убиствениот напад во метрото во Санкт Петербург и ќе пружи помош одговорните да се изведат пред суд“, било наведно во соопштението од Белата куќа, пренесуваат светските агенции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...