fbpx

Руската Федерација го призна нашето ново уставно име

-

Амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин на премиерот Зоран Заев му врачи копија од нотата на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, согласно која врз основа на одлуката на претседателот на Руската Федерација, оваа земја го признава новото име на нашата земја – Република Северна Македонија, информираат од Влада.

„На средбата во кабинетот на премиерот Заев двајцата соговорници ги потврдија заложбите на двете земји за одржување на традиционално пријателски односи низ активен дијалог. Посебно внимание на средбата беше посветено на поттикнувањето на можности за зголемување на економската соработка, за што како особено значаен податок за потенцијалите говори фактот дека извозот на свежо овошје и зеленчук во јануари оваа година е зголемен за 90 проценти, во споредба со истиот месец во 2018 година. Во таа насока, интензивирањето на економската соработка се очекува да биде централна тема на наредната сесија на Мешовитата владина комисија за трговско-економска соработка меѓу двете земји која треба да се одржи во Скопје“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...