fbpx

Русија нема да учествува на Самитот за нуклеарна безбедност

-

Русија ќе го бојкотира Самитот за нуклеарна безбедност 2016 поради неговата политичка природа, соопштија денеска неименувани дипломатски извори.

Претставниците на Москва минатата недела не присуствуваа на седницата во Вашингтон, посветена на подготовките на самитот. Американски дипломатски извори соопштуваат дека засега не е јасно дали Русија планира да присуствува на состанокот.

Двајца високи претставници на САД, повикувајќи се на дипломатска нота од Москва, соопштија дека бојкотот се однесува и на самитот во 2016 година.

Како што соопштија дипломатите, Русија смета дека состаноците за нуклеарна безбедност треба да се одржуваат на техничко ниво.

Русија досега има учествувано на слични самити, но дипломатите запознаени со ставот на Москва, велат дека таа веќе изразила резервираност уште на мартовскиот состанок во Хаг.

Дипломатите не ги прецизираа причините, но додадоа дека напнатите односи меѓу Русија и САД поради Украина, влијаеле на одлуката на Кремљ да не присуствува на состанокот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...