fbpx

Русија им врачи на САД протестна нота

-

Министерството за надворешни работи на Русија ги повика советниците на американската амбасада во Москва и им врачи протестна нота поради намерата на американските власти да извршат претрес во Трговското претставништво на Руската Федерација во Вашингтон.

„Во нотата се истакнува дека планираниот нелегитимен претрес на дипломатските простории на Русија без присуство на руските власти го сметаме за агресивна акција која американските разузнавачки агенции би можеле да ја искористат за организирање антируски провокации со помош на подметнати компромитирани предмети“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.

Во соопштението се додава дека Москва го задржува правото на возвратни мерки на основа на реципроцитет.

Претходно, руското министерство за надворешни работи соопшти дека специјалните служби на САД имаат намера на 2 септември да извршат претрес во рускиот конзулат во Сан Франциско, а американскиот Стејт департмент одби да ја коментира оваа информација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...