fbpx

Русија и Саудиска Арабија го замрзнаа производството на нафта

-

Двата најголеми производители на нафта, Русија и Саудиска Арабија, се договорија да го задржат производството на нафта на ниво од јануари, пишува „Блумберг“.

Членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), како што се Венецуела и Нигерија, повикаа на одржување на итен состанок за да се разговара за цената на нафтата, која од 2014 година изгубила преку 70 проценти од вредноста, пренесува „Раша тудеј“.

На една третина од нафтените компании им се заканува висок ризик од банкрот за тековната година бидејќи ниските цени на суровините го загрозуваат пристапот до средства, како и способноста за намалување на долгот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...