fbpx

Русија ги проширува економските санкции кон Турција

-

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска потпиша уредба за примена на дополнителни економски мерки против Турција, кои ќе стапат на сила на 1 јануари, соопшти денеска прес-службата на премиерот.

„Направивме листа на одреден вид услуги што на територија на Русија ги пружаат организации под јурисдикција на Република Турција, како и организации што ги контролираат граѓани на Турција или организации што се во надлежност на Република Турција, а кои се забранети од 1 јануари 2016 година“, се наведува во соопштението.

Во согласност со уредбата, Москва го забрани работењето во Русија за сите турски туристички агенции, хотели и компании што дваат услуги од областа на хотелиерството.

Забраната, исто така, се однесува на градежните работи, архитектурата и на дрвната индустрија.

Односите меѓу Москва и Анкара се влошија откако турските сили на 24 ноември го урнаа рускиот авион „су-24“ над Сирија.

Претседателот Владимир Путин во ноември потпиша уредба за воведување економски мерки против Турција, вклучувајќи и ограничувања што се однесуваат за работа, патување и за трговија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...