fbpx

Русија ги повика челниците на Сирија на мировни консултации

-

Претставници на сириската влада и на поделената опозиција би можеле следната недела да се сретнат во Москва, додека Русија инсистира на постигнување политичко решение, соопшти денеска висок руски претставник.

– Следната недела ќе повикаме претставници на опозицијата на консултации во Москва – соопшти за „Интерфакс“, заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Михаил Богданов, додавајќи дека на состанокот веројатно ќе учествуваат и владини претставници.

Во меѓувреме, портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, истакна дека за Русија не е значајно дали Башар ал Асад ќе остане на власт или не, но оти за неговата судбина треба да решава сирискиот народ.

Русија на 30 септември почна воздушна кампања против позициите на Исламска држава во Сирија, но Западот ја обвини Москва дека ги напаѓа и позициите на противниците на Асад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...