fbpx

Русија е подготвена да преговара со САД за сириската криза

-

Руската војска соопшти дека е подготвена да ги продолжи разговорите со САД за ситуацијата во Сирија. Соопштението доаѓа откако американскиот државен секретар Џон Кери се закани дека ќе ја прекине секоја соработка со Русија во Сирија, ако Москва и нејзините сојузници не ги прекинат воздушните напади на Алепо.

Стејт департментот соопшти дека Кери му поставил ултиматум на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во вчерашниот телефонски разговор.

„Руските експерти се подготвени да отпатуваат во Женева за обновените консултации со САД за да се пронајдат можни начини за нормализација на ситуацијата во Алепо“, рече генерал-полковник Виктор Позникхир.

Ескалацијата на нападите во Сирија, особено во бунтовничките квартови на Алепо, покажуваат дека политичкото решение „повеќе не е одржлива опција“, рече во средата претставник на режимот на Башар ал Асад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.