fbpx

Рударот го загуби видот, истрагата отворена

-

Сè уште не е завршена истрагата за експлозијата во рудникот на „Индоминерали и метали – Злетово“, во која двајца рудари беа тешко повредени. Во рударскиот инспекторат ја чекаат уште изјавата на еден од рударите. Инспекторот Драган Димитровски очекува истрагата да ја комплетира до Нова година. Дали и овојпат се работи за рударско невнимание, ќе се знае наскоро.

42-годишниот рудар од Пробиштип, кој беше потешко повреден, комплетно го загуби видот. Според лекарите во штипската Клиничка болница, санирани му се повредите, меѓутоа очите му биле изгорени од експлозијата на мината, која му експлодирала речиси в лице. Нему, на 42-годишна возраст, му завршува работниот век од рудникот.

Според рударскиот инспекторат, само во текот на оваа 2014 година, во рудникот во Злетово се случиле 17 рударски несреќи. За дел од нив, каде рударите поминаа со полесни повреди, рударскиот инспектор не излегол на терен. За една од потешките несреќи, онаа во март, кога двајца рудари завршија со тешки телесни повреди, според инспекторот Димитровски, поднесена е прекршочна пријава и се води судски процес.

Минатата година, билансот на нереќи на работа во рудникот беше далеку поголем и изнесуваше 57. Во оваа бројка спаѓаат и случаите каде рударите поминале со полесни повреди. Управата на рудникот ги засили безбедносните мерки.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...