fbpx

Романската влада го преживеа гласањето доверба

-

Романската влада, на чело со социјалдемократите, го преживеа гласањето доверба во парламентот.
Барањето за смена на владата го поднесе опозицијата од редот на партиите од десниот центар, а за време на изјаснувањето, пратениците од владејачката коалиција се воздржале од гласање.

Тоа било доволно барањето на опозицијата да не помине, затоа што социјалдемократите заедно со коалицискиот партнер држат околу 61 отсто од пратеничките места, а за изгласување недоверба биле потребни 233 гласа или 50 отсто од пратениците.

Премиерот на Романија, Сорин Гриндеану, денеска, во пресрет на гласањето за доверба, изјави дека неговиот кабинет „има обврска кон народот кој му укажал доверба за време на изборите“.

Во барањето, потпишано од 123 пратеника, е наведено дека „Романците не сакаат корумпираните политичари да бидат помилувани и заштитени од правдата“.

Уредбата за декриминализирање на одредени видови корупција беше усвоена, а потоа владата на Гриндеану ја повлече зашто предизвика масовни протести во Романија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...