fbpx

Рокот за поднесување амандмани за законот за јазици истекува утре

-

Рокот за поднесување амандмани за предлог-законот за употреба на јазиците истекува утре, а амандмани ќе поднесат сите партии освен ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе интервенира во делот во кој, според партијата, се загрозува македонскиот јазик. Од СДСМ велат дека ќе поднесат амандмани во насока на разјаснување на дилемите околу казните што ги предвидува законот и на обвинувањата дека тој ќе го загрози унитарниот карактер на Македонија.

Движењето Беса преку амандмани ќе бара официјализирање, а не само унапредување на употребата на албанскиот јазик.
– Ние ќе направиме соодветни интервенции со амандмани во насока на целосно официјализирање на албанскиот јазик, како што е предвидено во заедничката декларација на албанските политички партии – изјави Реџеп Мемеди од Беса.

Артан Груби, пак, рече дека пратеничката група на ДУИ нема да поднесе амандмански предлози, оти нивните забелешки веќе се доставени до Венециската комисија.

Тој, како претседател на собраниската Комисија за европски прашања, комисиската седница на која во второ читање ќе се разгледува предлог-законот за употреба на јазиците, ја закажа за 22 ноември – Денот на албанската азбука.

Во средата, на продолжението на 15. собраниска седница, пратениците со 66 гласа „за“ и со 41 глас „против“ му дадоа виза на предлог-законот за употреба на јазиците за второ читање во надлежните комисии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...