fbpx

Родителите во Битола со петиции против заменските наставници

-

Во техничкото училиште во Битола екстерното тестирање денeска повторно доживеа дебакл. Пред 9.30 часот, се собрале триесетина ученици и пред да почне тестирањето, си заминале дома. Дел од наставниците што треба да го спроведат екстерното тестирање им довикувале да се вратат, но учениците само им кажеле дека ова е нивната порака до надлежните.

– Денеска никој не влезе на тестирање. Децата се собраа и си заминаа. Тоа е нивно право дали ќе се тестираат или не. Утре имаме уште едно тестирање, доколку не дојдат, ќе решава Министерството – вели директорот на техничкото училиште во Битола, Драган Стојановиќ.

Веќе два дена голем број родители во Битола не ги праќаат своите деца на училиште. Сметаат дека децата не им се згрижени и стравуваат за нивната безбедност.

Во исто време, родители на ученици во основни и во средни училишта во Битола, потпишуваат петиции со јасна порака дека не сакаат заменски наставници. Родители тврдат дека се решиле на ваков чекор бидејќи не се согласуваат лица однадвор да им предаваат на нивните деца, особено зашто новата наставна програма по Кембриџ и онака им задава дополнителни проблеми во учењето. Во исто време, од канцеларијата на СОНК во Битола тврдат дека во повеќе училишта се состанале советите на родители, со што има се дава поддршка на штрајкувачите.

– Синоќа се состанаа повеќе совети на родители, а во техничкото училиште професорите имаа целосна поддршка и од родителите. Во исто време, од денска во штрајк е и средното економско училиште „Јане Сандански“ во Битола, така што бројот на наставници штрајкувачи од ден на ден е сè поголем – вели Фанче Јошевска, претседателка на СОНК во Битола.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...