fbpx

Родителите се жалат на непрофесионален кадар во училиштата

-

Во некои скопски училишта, бројот на запишани или заинтересирани ученици за упис е премногу голем, па дури има и ученици кои патуваат од подалечни општини до одредено училиште поради наставниот кадар, пишува „Порталб.мк“.

Родителите во овој случај ги обвинуваат општината и Министерството за образование и наука поради партиски вработувања и вработувања со партиски врски за несоодветни лица да бидат наставници.

Од Министерството за образование и наука ги објаснуваат условите за вработување, и според законот, овој сектор само дава согласност за вработување, додека конкурсот за слободното место го огласува општината, а изборот го врши училиштето.

„За вработување на наставник мора да бидат исполнети неколку услови, ако тој завршил факултет во отсек за кој е отворено работното место, како и полагањето стручен испит, што е услов за донесување одлука за неопределено вработување во некое училиште“, изјави „Порталб.мк“, портпаролката на МОН, Лаура Папранику.

Таа додаде дека за овој испит се формираат комисии и кандидатите подлежат на тестирање, така што тие кои ќе го положат овој испит, стануваат професионални наставници.

Универзитетскиот професор Авзи Мустафа, неодамна го обвини МОН за слабиот кадар, бидејќи според него кадарот треба да биде повеќе ангажиран во обуката и контролата на развојот на учењето во училиштата во Македонија. Според него, обуката треба да се спроведува во училници во присуство на ученици и родители, а не во хотели и сали надвор од училиштата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...