fbpx

Роберт де Хроут изрази загриженост за сегашната состојба

-

Генералниот директор за европска соработка, Роберт де Хроут, кој е претставник на ниво на заменик-министер за надворешни работи на Кралството Холандија ја посети Македонија со цел да разговара за моменталната политичка ситуација. Во рамките на посетата тој оствари средби со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, лидерите на политичките партии кои се потписници на Договорот од Пржино и претставници од невладиниот сектор, се вели во соопштението од холандската амбасада.

„За време на состаноците Заменик-министерот Де Хроут ја изрази својата загриженост во врска со сегашната ситуација која е разединувачка и неодржлива, и која може да се подобри единствено преку инклузивен процес заснован на транспарентност и одговорност од сите чинители. Сите страни треба да бидат вклучени во дефинирање и спроведување на реформска агенда заснована на Договорот од Пржино. Заменик-министерот Де Хроут ја потенцираше уште еднаш потребата за одговорност и почитување на владеењето на правото од страна на сите, што истовремено подразбира активна поддршка од сите вклучени страни за непречено функционирање на Специјалното јавно обвинителство. Во оваа насока, одлуката за помилување донесена од претседателот Ѓорге Иванов треба да биде повлечена сеопфатно и без дискриминација, со цел да се избегне вкоренување на впечатокот за неказнивост. Истовремено, учеството на лицата кои се под истрага на Специјалното јавно обвинителство во привремената Влада, или било која друга политичка функција не придонесува кон враќање на довербата на граѓаните“, стои во соопштението од холандската амбасада во Скопје.

Холандија, која е претседавач со Советот на Европската Унија, се потенцира во дописот, ќе продолжи да го следи развојот на настаните во Македонија, кои се од клучна важност со цел да се врати земјата назад на патот кон Евро-Атлантска интеграција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...