fbpx

Ристовска: Одбивањето на барањето за претрес е преседан во правосудната практика

-

Одлуката на судијата да го одбие барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за претрес во домот на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски е преседан во правосудната практика, рече обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска на денешната прес-конференција.

Според Ристовска, досега не се случило судија на претходна постапка да одбие вакво барање на обвинителствата.

– Што се однесува до мојата практика и не само мојата, би ги споменала и моите колеги кои што работата во СЈО и кои имаат поголемо искуство, досега на никого од нас не му се случило судија на претходна постапка да изрази несогласност за издавање на наредба за претрес. Такво нешто не се случило и кога беше стариот закон (Закон за кривична постапка н.з.), кога истражен судија ги даваше овие наредби. Така што, ова за нас е преседан – изјави Ристовска.

Кривичниот суд утрово соопшти дека судијата на претходна постапка не издал наредба за претрес бидејќи првин требало да се утврди дали СЈО е надлежно за овој случај и дали предметите што евентуално би биле пронајдени се поврзани со незаконското следење на комуникациите.

„Во барањето за издавање на наредба за претрес не се определени и не е даден прецизен опис на предметите чие што одземање се бара туку се користи општа терминологија на предмети кои можат да се пронајдат во сечиј дом, имајќи предвид дека согласно член 189 став 1 алинеа 5 од Законот за кривична постапка наредбата за претрес треба да содржи опис на предмети што треба да се пронајдат при претресувањето“, стои во соопштението на судот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...