fbpx

Ристоска задоволна од пресудата за Грујовски – прва во корист на СЈО

-

Специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска изрази задоволство од пресудата за поранешниот началник на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујoвски, и за шесте службенички во УБК, осудени за уништување и за незаконското палење на илјадници списи во случајот „Тврдина 2“, како и за фалсификување службена исправа.

– Денеска СЈО ја доби првата пресуда. Обвинетите се осудени, а ваквата пресуда беше според нашите очекувања. Ние сме задоволни, но ќе ја почекаме пресудата и ќе ги разгледаме аргументите на судот, па ќе одлучиме дали ќе се жалиме – рече Ристоска.

Според неа, ваквата пресуда претставува порака за службениците што извршуваат наредби дека не смеат да бидат амнестирани.

Грујовски, кој се наоѓа во екстрадициски притвор во Грција, доби една и пол година затворска казна за незаконското палење на илјадници списи во случајот „Тврдина 2“ на СЈО. Другите шест обвинети, вработени во УБК, добија условни казни за фалсификување службена исправа. Пет од нив се осудени на условна казна од девет месеци, а една од нив на две години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...