fbpx

Рим воведува рестрикции на вода, дел од фонтаните нема да работат

-

Градските власти во Рим воведуваат рестрикции на вода поради незапаметена суша, бидејќи ова лето паднало за 70 проценти помалку дожд од просекот. Рестрикција на вода ќе има во вечерните часови до крајот на септември.

Властите најавуваат дека од овие рестрикции особено ќе бидат погодени горните катови на зградите, поради слаб притисок.

Ситуацијата со водата во Рим е тешка, а во последните три месеци биле санирани 1.300 цевки за да се спречи губењето на водата во преносот до потрошувачите, пишуваат италијанските медиуми.

Некои фонтани се затворени уште од јули, а градоначалничката Вирџинија Раџи најавила затворање на други.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...