fbpx

РИА: Законот за јазиците не е базиран на докази и не заслужува поддршка

-

Процесот на носење на Законот за употребата на јазиците во Република Македонија не е базиран на докази, не е инклузивен и не ги надминува политичките мотиви, што Законот го лишува од општа јавна и политичка поддршка, порачаа дел од организациите – членки на Мрежата за подобра легислатива „Мрежа РИА” и организациите подгрантисти на проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: промовирање на креирање политики базирани на докази”. Тие порачаа дека оценката е од аспект на проценка на влијанието на регулативата (ПВР).

Велат дека самата постапка нема допирна точка со реформската програма на Владата.

„Една од целите на ПВР како инструмент е да го доближи македонското законодавство до тоа на Европската Унија, следствено да го подобри интергративниот пат на Македонија. Игнорирањето на овој инструмент при креирањето на една политика за која предлагачот тврди дека е дел од процесот на европската интеграција и затоа и става европско знаменце, е контроверзно и спротивно на првичната намера на предлог-регулативата. Конечно, ПВР како инструмент бара значајна промена во културата на однесувањето помеѓу регулаторите, партиите, засегнатите страни/групите од интерес и општата јавност, а начинот на кој беше донесен Законот за употреба на јазиците ја оддалечува Владата на Република Македонија од нејзината суштинската реформска платформа“, се вели во реакцијата од РИА.

Организациите ги повикаа Владата и Парламентот, во следните фази да ги исполнат наведените слабости и незаконити аспекти од донесувањето на Законот за употреба на јазиците. Велат дека засегнатите страни биле исклучени од процесот на консултации, не се известени за почетокот на ПВР, не е направено утврдување на можни решенија и анализа на влијание на секоја опција и дефинирање на оптимално решение.

„Дополнително, не е подготвен нацрт-закон за планирање, следење и евалуација и не е подготвен нацрт извештај за ПВР. Законскиот предлог не е објавен на ЕНЕР за консултација со засегнатите страни, не е подготвен предлог извештај за ПВР и не е потпишан од страна на ресорниот министер“, стои во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...