fbpx

Резолуцијата на ЕП за правата на „Бугарите“ во Албанија е гаф на македонската дипломатија, оцени ДС

-

Резолуцијата на Европскиот Парламент, со која се бара да се почитуваат правата на „бугарското население” во албанските региони, Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, каде што живеат Македонци, претставува сериозна провокација од официјална Софија, но и голем гаф на македонската дипломатија, која не презема ништо за да ги информира и предупреди европејците дека носењето на таквата резолуција не е одраз на реалните состојби во тие региони, реагираат денеска од Демократскиот сојуз.

„Европскиот парламент не смее да “наседнува” на злоупотребите со членството во ЕУ, кои ги прави Бугарија со издавањето државјанства и пасоши на Македонци. Познато е дека голем дел од нив, било да живеат во Република Македонија, или се малцинство во некоја од соседните држави, од чисто економски причини земаат бугарски пасош, која за нив е патна исправа што им овозможува непречен влез и престој во земјите на Унијата“ оценува ДС во соопштението.

Од ДС истакнуваат дека Албанија нема бугарско национално малцинство, туку македонско.

„Доколку имаше, ќе формираше свои културни друштва или политичка партија и ќе покаже и друг вид на активности“, велат од ДС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...