fbpx

Ревизијата открила наставници без научно звање и нелегални објекти на ДУТ

-

Државниот универзитет Тетово (ДУТ) се соочува со дефицит на кадар, дел од вработувањата не биле во согласност во внатрешните правилници, а проблемaтично било и менаџирањето со дел од парите кои се добивале од самфинансирачки активности. Ова се наоди од новобјaвениот извештај од Државниот завод за ревизија, кој под скенер го става работењето на државниот универзитет во 2017 година. Во еден дел од извештајот во прашање се доведува стручноста на кадарот.

При ревизијата се анализирале сметките на Основниот буџет и Сметката на буџетот од самофинансирачки активности, пишува во неделната економска анализа на „Portalb.mk“.

На забелешките и утврдените наоди биле испратени одговори од одговорното лице на универзитетот, но со задоцнувања.

„За реализација на образовниот процес, Универзитетот ангажира наставници по договори за давање  на интелектуални услуги, што опфаќа 39% од наставниот кадар, при што дел од лицата кои ја извршуваат реализацијата на наставата немаат наставно-научно звање, а лицата ангажирани како соработнички кадар се со работни обврски кои не соодветствуваат со педагошките обврски на соработничкиот кадар“, се наведува во ревизорскиот извештај.

Според наодите, 61% од наставниот кадар е во редовен работен однос. И покрај бројните барања до ресорното министерство за одoбрување на вработувања, согласност не е добиена, па останатите 39% отсто од потребниот кадар, универзитетот ги надополнувал преку ангажмани со договор на дело. Со увид во документацијата биле утврдени 392 договори за давање на интелектуални услуги за изведување настава, испити и вежби.

„Поради недоволниот-наставно научен кадар кој е во редовен работен однос, Универзитетскиот сенат во својот состав го нема потребниот број на членови а Универзитетскиот совет не е основан согласно законските одбредби“, утврдил ревизорот.

Дополнително, дел од наставно-научниот кадар не задоволувал критериуми.

„Кај дел од кандидатите за избор во наставно-научни звања не можевме да се увериме во исполнување на критериумите предвидени во Правилникот за критериумите и за постапката за избор на наставно-научни, научни звања и асистенти-докторанти“, се нотира во извештајот со забелешка дека во одлуките за избор не е наведен периодот за кој е извршен изборот, а со избраните лица не се склучени договори за вработување во звањето за кое се избрани.

„Во текот на ревизијата извршено е усогласување на Правилникот  а секое лице од наставно-научниот и соработничкиот кадар склучен е договор во звањето за кое е избран“, констатирал Државниот завод за ревизија.

Во 2017 година од наплата на партиципација и кофинансирање за студирање се обезбедиле 249,16 милиони денари, а со извршениот увид во документацијата било утврдено дека распределбата на овие средства се врши врз основа на Правилник кој не бил одобрен од страна на Министерството за образование. Вакво барање било испратено и во 2016 година, но до денеска тоа не е одборено од ресорното министерство.

Со извршениот увид во доставената документација до ревизорите биле утврдени бројни пропусти во врска со деловниот простор што го користи државниот тетовски универзитет. Дел од објектите во кои е сместен универзитетот се сметаат за бесправно изградени или се уште не се предадени на користење од страна на МОН на образовната институција. Така, меѓу другото ревизорот нотира проблеми со факултетите за уметности и за природно-математички науки.

„На местото ,Село Мала Речица‘ КО Мала Речица – Тетово, чиј сопственик е РМ, извршена е адаптација на објектот наменет за Факултетот за уметности. Иако универзитетот има поднесено барање во февруари 2014 година до МОН да се донесе одлука недвижните ствари да се дадат на негово кристење,  Владата на РМ нема донесено одлука за престанок и давање на трајно користење без надоместок. Објектот наменет за Факултетот за природно-математички науки е изграден на земјиште кое во сопственост на повеќе приватни лица и во тек е постапка за легализација на објектот“, посочуваат ревизорите.

Проблем има и во објектот во кој се наоѓаат Економскиот и Правниот факултет, кој нема одобрение за употреба. Уште во 2013 година доставено било барање за вршење на технички преглед, но ресорното министерство по разгледување на барањето, го одбива.

„До денот на ревизијата Универзитетот ги нема комплетирано сите потребни документи за да се отпочне постапка за вршење технички преглед на објектот и да се даде одборение за употреба“, се наведува во ревизорскиот извештај.

Ревизиорите препорачуваат Универзитетот во Тетово во соработка со надлежните институции да ги интензивира активностите за легализација на објектите што ги користи и запишување на право на користење на целокупниот недвижен имот, за да може истиот и сметководствено да се евидентира.

Државниот универзитет во Тетово испратил забелешки на нацрт-ревизорскиот извештај, но по истекување на роковите дадени за одговор.

„Од страна на одговорното лице доставени се забелешки на Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор, но по истекот на законски утврдениот рок и истите немаат влијание на констатираната состојба“, наведува ревизорот.

Во задоцнетиот одговор, од Универзитетот посочуваат дека образовната институција, и покрај тоа што се соочува со големи проблеми од секаков вид, се обидува да ја почитува позитивната законска регулатива во земјава.

„И покрај тешката материјално-финансиска состојба, со слабо опремена инфраструктура за дел од факултетите, како и проблемите во врска со недостаток на наставно-научен кадар, сукцесивно во континуитет се прават сериозни напори целокупното работење да се канализира во согласност со законската регулатива“, пишува,  меѓу другото, во одговорот од универзитетот.

Од таму наведуваат дека до сега упатиле бројни барања за вработување стручен кадар, но алармирале и за финансиските проблеми, како и за проблемите поврзани со нерешениот статус на дел од објектите во кои се сместени факултетите од универзитетскиот комплекс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...