fbpx

Рецепт за нов хотел во Охрид: Запали шума, исечи дрвја и удри со багери

-

Од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ реагираат на градењето голем објект на една од најатрактивните локации на охридското крајбрежје. Се наоѓа во непосредна близина на хотелот „Инекс“, веднаш под вилата на МВР, каде ќе се гради хотел на синџирот „Смол лаксари хотелс“ (Small Luxury Hotels).

Според најавите, објектот ќе се простира на површина од 7.000 квадратни метри. Предвидено е да се изградат 50 соби, 120 легла, а целата инвестиција ќе чини околу 12 милиони евра.

Тоа е синџир хотели кој е познат во светот со повеќе од 500 објекти на сите континенти.

На истиот простор, на 24 јули 2011 година, имаше пожар, но до ден-денеска тој остана мистерија.

Токму на делот кој сега е предвиден за градба, изгореа борови дрва и смрека на површина поголема од 500 квадратни метри.

Од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ укажаат дека лудилото наречено „расприроднување на Охрид“ не застанува. Тие велат дека природата повторно потклекна пред багерите и дека ова што се случува е навистина алармантно!

– Планираните проекти многу е веројатно да значат загуба на заштитата од УНЕСКО што Охрид и езерото ја имаат уште од 1980 година. Се обидуваме проблемот да го решиме по институционален пат, меѓутоа борбата е долга и неизвесна. Затоа, бараме поддршка од сите граѓани на Република Македонија и пошироко. Приклучете се на нашата борба за спас на Охридско Езеро. Да покажеме дека не сакаме природните богатства на Македонија да се продаваат за евтини пари. Природата нема цена – велат од „Охрид СОС“, од каде неодамна силно го кренаа гласот и за заштита на Студенчишко блато.

Ова не е првпат да се уништуваат стотици дрва за да се задоволот нечии апетити. На сличен начин, во стариот дел на Охрид, под Плаошник, исечени беа десетици дрвја за да се гради скулпторско ателје за почесниот граѓанин на Охрид, академикот Томе Серафимоски.

Подоцна, ателјето, кое требаше да биде трајна своина на градот, стана предмет на купопродажба и на милионска заработка.

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...