fbpx

Решение за просторниот проблем со тетовските гимназијалци сè уште нема

-

Од советот на родители при гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово, реагираат што сè уште не е решен просторниот проблем со учениците Македонци.

Децата следат настава во два различни објекти, каде, како што велат родителите, нема соодветно затоплување и тоалетите се во катастрофална состојба.

– Во објектот, на пример, на Работничкиот универзитет, каде учат дел од учениците, има високи тавани, зградата е стара и не може да се затопли, па честопати децата носат од дома ќебиња да се загреат – изјави Томислав Стојановски, член на советот на родители при тетовската гимназија.

Освен во Работничкиот универзитет, гимназијалците следат настава и во основното училиште „Гоце Делчев“.

Во овие две згради се префрлени во декември 2015 година, поради лошите услови во познатите стари медицински бараки, каде ученициите подолг период следеа настава, а каде честопати се случуваа и меѓуетнички инциденти.

Од советот на родители велат дека неколкупати било ветувано и од централните и од локалните власти дека за учениците Македонци ќе се најде решение.

– Многупати ветуваа дека ќе се најде решение, но од ветувањето ништо не е реализирано. Рекоа дека ќе се изгради или догради нов објект во состав на големиот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, но од ветувањето нема ништо – рече Стојановски.

Министерот за образование, Абдилаќим Адеми, при посетата на Општина Тетово минатиот месец, рече дека решението на просторниот проблем со тетовските гимназијалци се одолговлекувал поради урбанистички пречки на локацијата во дворот на постојната тетовска гимназија, каде треба да се изгради објект наменет за учениците Македонци.

Дали се надминати овие пречки и кога конечно ќе се почне со изградба на овој долгоочекуван објект, не успеавме да добиеме одговор. Општина Тетово неколку дена одбиваше да се произнесе со свој став во врска со ова прашање.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...