fbpx

Република Северна Македонија со македонски јазик и идентитет, велат грчките медиуми

-

Грчките медиуми, веќе објавуваат точки од наводниот договор за името што го постигнале македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Како што тврдат медиумите, договорено е името Република Северна Македонија (на англиски Republic of North Macedonia) за севкупна употреба.

Употребата на придавките македонски пред државјанството и јазикот се задржува и гарантира.

Посебна комисија ќе го договора користењето на трговските заштитни марки од страна на двете држави.

– Се признава македонскиот јазик (со фуснота дека се работи за словенски јазик).

– Во однос на државјанството ќе се користи терминот „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“, со, според грчките медиуми, експлицитно наведување дека граѓаните на таа држава не се поврзани со античката грчка цивилизација.

Според грчки извори, очекуваниот втор телефонски разговор меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас веројатно ќе се случи подоцна попладнево, бидејќи се очекува во него да се вклучи и медијаторот Метју Нимиц.

По разговорот со Заев и Нимиц, Ципрас ќе ги информира лидерите на политичките партии во земјата и претседателот Прокопис Павлопулос.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...