fbpx

„Репортери без граници“: Помалку уапсени новинари, но повеќе киднапирани во 2015 година

-

Во 2015 година во светот се уапсени помалку новинари во споредба со претходната година, но бројот на новинари кои биле киднапирани е значително зголемен, објави денеска организацијата „Репортери без граници“ во најновиот годишен извештај.

Бројот на новинари што биле уапсени во 2015 година опадна за 14 отсто во споредба со 2014 година, односно на вкупно 153, соопштија од „Репортери без граници“, наведувајќи дека по тоа прашање Кина е „најголем светски затвор за новинари“.

По Кина, по бројот на уапсени новинари следуваат Египет, Иран и Еритреја. Во текот на оваа година, киднапирани биле вкупно 54 новинари, што е за 35 отсто повеќе отколку лани, а Сирија е земјата во која биле киднапирани најмногу репортери, вкупно 25.

Исламска држава во заробеништво во Сирија и во Ирак држи 18 новинари.

– Во некои конфликтни зони се развила вистинска индустрија за киднапирање – изјави генералниот секретар на „Репортери без граници“, Кристоф Делоар.

Тој укажа на Јемен како најнова проблематична земја по тоа прашање, бидејќи во текот на 2015 година биле киндапирани 33 новинари, а само двајца во текот на 2014 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...