fbpx

Репортажа на „Гардијан за Охрид“: Прекрасно парче место на Балканот

-

Британскиот печатен медиум „Гардијан“ објави репортажа за Охрид, потпишана од новинарката Џоан О’Конор.

Препорачувајќи го како дестинација за одмор, во делот на рубриката „патувања“, „Гардијан“ дава целосна слика за убавините на Охрид, како и препораки за британските туристи што задолжително да посетат во градот.

– „Виз ер“ неодамна ги лансираше првите директни летови меѓу Велика Британија и Охрид, со што се овозможи отворање на ова прекрасно парче место на Балканот за британските патници. Овој град во Македонија нуди привлечна понуда за посета на културно-историски споменици, кои се остаток од отоманската архитектура, но и византиски цркви, а идеална врска меѓу културата и природата е езерото. Охридското Езеро е опкружено со планини, села и со атрактивни плажи – пишува „Гардијан“ меѓу другото.

Списанието ги издвојува местата како манастирот „Свети Наум“, Заливот на коските, црквата од 13 век на свети Јован на карпите кај Канео, популарните плажи со место за ноќна забава – Кадмо, Куба либре и Бела виста.

Препораки има за места за излегување, каде туристите да се хранат, околу цените кои се нудат за сместување и слично. Како специјалитет кој треба да го вкусат британските туристи, списанието препорачува сарма или свежа пастрмка на жар или скара.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...