fbpx

Ременски: Кривичната пријава од ССМ е непознавање на синдикалните акти

-

Најавата за кривична пријава од претседателот на Сојузот на синдикати, Живко Митревски, е основно непознавање на синдикалните акти, вели министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски

– Ја информираме јавноста дека ниту министерот ниту претставници од Mинистерството имаат право да присуствуваат ниту, пак, присуствувале на седници на советот на ССМ и притоа да учествуваат или да влијаат на носењето одлуки кои се во исклучива надлежност на синдикатите. Истиот Живко Митревски нека се присети на 2010 година, кога во иста постапка го промени тогашниот прв синдикалец Ванчо Муратовски и наместо со решение од министерот, неговиот упис во Централен регистар е спроведен со заклучок како несоодветен правен акт во постапка за упис на одговорно лице – вели Ременски.

Според Ременски, сето ова зборува за очајниот обид за партиска мобилизација на сите одговорни лица, од кои во иднина ќе се побара одговорност за финансиското работење, начинот на застапување на правата на работниците во Република Македонија и за целокупното партизирање и уривање на концептот на синдикално организирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...