fbpx

Ременски: Диме Спасов оставил 6.603 домаќинства без социјална помош

-

Во тек е вонреден инспекциски надзор во сите центри за социјална работа низ Македонија. Инспекторите денеска утврдија голем број недостатоци во работењето на овие установи, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски.

– Од септември 2014 година до септември 2015 година бројот на домаќинства што примаат социјална парична помош се намалил за 6.603 домаќинства. Ако имаме 6.603 домаќинства со минимум четири лица во домаќинство, тогаш бројот е 26.412 лица што останаа гладни и без егзистенција поради лошите политики на ВМРО-ДПМНЕ. Како што веќе објавивме, по 1.400 предмети по жалбена постапка за остварување право на социјална парична помош не е решавано од февруари до 15 ноември 2015 година – изјави Ременски.

Таа рече дека претходниот министер за труд и социјална политика, спротивно на неговата законска обврска, не донел решенија по жалби за 1.400 семејства кои го изгубиле правото на социјална парична помош.

– Претходниот министер, одлучувањето по овие жалби несовесно, знаејќи дека го крши законот, го пренел на службеник на пробна работа во министерството, кој нема право да одлучува и да решава по барање на граѓаните во управна постапка. Овој службеник селективно решавал за судбината на овие семејства – рече Ременски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...