fbpx

Ременски: 50 отсто застапеност на жените во политиката до 2020 година

-

„Со измените на Изборниот законик на Македонија, се изборивме за 40 проценти застапеност на жените во политичкиот живот и во процесите на одлучување, кандидирање и на избирање на важни позиции. Стратегија на идната влада е континуирано зголемување на тој процент до 50 отсто до 2020 година“, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски, на конференцијата „10 години Закон за еднакви можности на мажите и на жените: финансирање за родова еднаквост и агендата 2030“.

Таа, меѓу другото, истакна и дека синдикалните организации мора да ја почнат борбата за враќање на достоинството и правата на работниците, а преку таа битка да покажат посветеност во борбата за правата на жените.

– Работодавците мора да ги гарантираат правата и условите за работа на бремените жени, работничките со малолетни деца, еднородителските семејства и на повозрасните работнички. Нашата искрена заложба ќе биде воведувањето флексибилно работно време. За жените работнички со навршени 57 години старост ќе овозможиме да добијат неполно работно време од шест часа до навршување на 60 години старост, со задржување на целата плата. За жените работнички со навршени 60 години старост, пак, ќе овозможиме да добијат неполно работно време од четири часа, до исполнување на условот за пензија, односно 62 години старост, со задржување на целата плата – вели Ташевска-Ременски.

Според неа, државата мора да го поттикнува и да го субвенционира учеството на жените во бизнисот.

На конференцијата се обрати и Луиза Винтон, постојана координаторка на Обединетите нации.

Таа истакна дека најголемиот предизвик што постои во Македонија е да се намали јазот што постои меѓу правната, нормативната и реалната состојба во животот.

Според неа, постои разлика од 18-19 проценти во платите меѓу мажите и жените кои ја извршуваат истата работа. Исто така, постои јаз од 30 проценти во учеството на пазарот на трудот меѓу мажите и жените. Тоа што е најголем проблем во државата, според Винтон, е тоа што жените извршуваат најголем дел од работата што се нарекува неплатена, односно грижејќи се за децата и за постарите лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...