fbpx

Рекорден број земји го потпишаа Парискиот договор за климатски промени

-

Во седиштето на Обединети нации во Њујорк, лидерите и претставниците на 175 земји го потпишаа Парискиот договор за ограничување на порастот на глобалната температура.

Парискиот договор беше усвоен во декември 2015 година и е прв чекор кон обврзување на земјите во реализација на ветувањето за намалување на ефектот од стаклената градина.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, ја отвори церемонијата за потпишување на договорот и рече дека ерата на трошење без последици е завршена. Тој ги повика лидерите на светските организации да ја намалат зависноста на нивните економии од јаглеродот и да им пружат помош на земјите во развој во таа транзиција.

Земјите кои го потпишаа парискиот договор учествуваат со повеќе од 93 отсто од вкупната светска емисија на гасови, правејќи го феноменот на стаклена градина.

Американскиот државен секретар Џон Кери, заедно со својата внука, го потпиша договорот во име на САД и рече дека Вашингтон формално ќе се придружи на договорот подоцна оваа година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...