Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски е домаќин на еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел, министрите и високите владини претставници од земјите од Западен Балкан и министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Грција, Никос Папас.

„На министерскиот ручек што се одржа денеска, се разговараше на повеќе теми, со посебен осврт на идејата за отворање на првата регионална Академија за сајбер безбедност во Скопје, како и за намалување на цените во роаминг за земјите од Западен Балкан. Како што истакна еврокомесарката Габриел, целта е граѓаните на земјите од регионот да имаат поефтини цени во роаминг. Габриел ги поздрави напорите на Владата на Северна Македонија во процесот на дигитализација а особено активностите кои ги презема за успех на договорот за роаминг. Заложбите се договорот да се потпише помеѓу сите шест економии во април на вториот Дигитален самит што ќе се одржи во Белград, и тоа што се постигна во ЕУ за десет години, во регионот да се постигне за три до четири“, информираат од МИОА.

Манчевски ја претставил конкретната идеја за отворање на регионална Академија за сајбер безбедност во Скопје.