fbpx

Регионалните и локалните медиуми бараат пари од буџетот преку медиумски фонд

-

Граѓански пари за медиумите, но не директно од државниот буџет, туку кои би доаѓале од специјално оформен медиумски фонд, за кој, сепак, Владата ќе го има конечниот збор.

Ова како предлог доаѓа од Здружението на регионални и локални медиуми „Медиум објектив“, што денеска беше предмет на дебата со новинарските здруженија, сопствениците на медиумите и министерот за отчетност и трансапрентност, Роберт Поповски. Локалните и регионалните медиуми останаа без владини реклами и целосно се препуштени на нефункционалниот медиумски пазар.

-Владата ќе одлучува од каде ќе се црпат тие средства за фондот. Нашиот предлог е да биде од агенциите што имаат по некаква основа примања од бизнис-сектор, од граѓаните, од такси. Не ги знаеме сите економски оператори. Намената е развој на сите локални и регионални медиуми. Целта е да има плурализам и просперитет – изјави Димитар Мицов, иницијаторот на оваа средба, сопственик на ТВ „Канал Вис“ од Струмица.

Предлогот на ова здружение е фондот да не важи за медиуми, кои сега би се формирале. Основата за тоа колку медиумите ќе добијат е на база на пресметка на трошоците што ги имаат за работота, како давачки за дозвола за работа на ААВМУ, плати и придонеси и даноци.

За оваа идеја на фонд за медиуми, веќе повеќе време се слуша по медиумските кругови. Поделени се ставовите, во зависност од позицијата од која настапува. Сопствениците на малите медиуми немаат дилема дека треба да има „државни пари“, особено по исцрпувачките речиси две години без владини пари.

Од јавно искажаните ставови, кај дел од новинарските професионалци постои страв дека фондот би бил нов начин на корупција на медиумите, особено сега пред претстојните избори. Токму поради тоа, од страна на владините министри се повторува истиот став, дека предлогот треба да дојде од новинарската фела.

-Ако можеме да помогнеме да биде зголемен бројот на новинари, зголемен бројот на вработени во медиумите, зголемени плати и продонеси и поквалитетни содржини, тогаш мораме заеднички да го најдеме начинот. Ако се договорите сите дека е потребна поддршка, тука сме сите заедно за мониторинг на тоа како ќе се спроведува. Никој не го исклучува тоа. Да не ви биде минатото пречка за да реализираме нешто за во иднина. Меѓутоа, многу внимателно, за да не згрешиме сите. Правецот по кој ќе се движиме треба да биде фокусиран, кон зголемување на квалитетот на медиумските содржини, не преку телефонски јавувања и диктати – рече Роберт Поповски, министер за отчетност и транспарентност.

За разлика од сопствениците на медиумите, во Здружението на новинари на Македонија преповладува ставот дека медиумите треба да се помогнат, но не директно со пари. Како индиретна помош се посочуваат даночни олеснувања и друг тип на помош од државата.

– Нема да прифатиме решение, кое што ќе значи директна помош од буџетот, но секако може да прифатиме решенија кои ќе значат олеснување во смисла на даночни олсенувања, во смисла на олеснување на разни давачки кон агенции, како кон Агенција за филм, ЗАМП, ослободување од придонеси за дел од вработените – е предлогот на Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Овој предлог е само делумно прифатлив за сопствениците на медиумите, кои бараат директни интервенции во средства. Во текот на расправата го истакнаа фактот дека поради лошата финансиска состојба, принудени се да го редуцираат новинарскиот и техничкиот кадар, а дел од нив и имаат проблем со исплата на плати.

Денешната во Струмица беше првата иницирана дебата за формирање на тнр. медиумски фонд за помош на радиодифузерите. Апетите пораснаа особено откако државата понуди субвенции за печатените медиуми, за кои дел од радиодифузерите оценија дека се поделени без реални критериуми, кои би стимулирале квалитетни новинарски содржини, како основа за добивање на поддршка. Владата преку јавен повик во јануари додели 42 милиони денари на 11 печатени медиуми. Министерот Поповски ги негираше дека владата на ваков начин прави обид за корупција, туку ги помага печатените медиуми преку плаќање на нивните трошоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...