!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Регионалната полициска соработка е клучна во борбата против организираниот криминал


       
Белград, 14 ноември, 2016 - 16:27 (META) 

Министрите за внатрешни работи на Србија, Црна Гора и на Македонија, денеска во Белград оценија дека регионалната полициска соработка е клучна во борбата против сите видови организиран криминал.

Министрите Небојша Стафановиќ, Горан Даниловиќ и Оливер Спасовски на конференцијата насловена „Регионална процена на закани од тежок и организиран криминал (СОКТА)“, изразија подготвеност за унапредување на сите видови полициска соработка. Тие оценија дека организираниот криминал не познава граници и нагласија дека полициите на трите земји се подготвени преку меѓусебна соработка да бидат пред него.

Проектот „Регионална процена на закани од тежок и организиран криминал“ на Европол е прв обид во овој дел од Западниот Балкан да се претстави стратешка процена на ризикот и на заканите од тежок и организиран криминал по безбедноста на земјите.

Проектот, кој е почнат во март 2014 година, ќе трае до декември годинава. Финансиите, во износ околу 390.000 евра, се обезбедени од швајцарската агенција за развој и за соработка, а е реализиран од мисијата на ОБСЕ во Србија, Црна Гора и Македонија во партнерство со Европол.