fbpx

Регионален собир за сузбивање на насилен екстремизам започна во Скопје

-

Семинар за спречување и сузбивање на насилниот екстремизам на Западен Балкан започна денеска во Скопје, на кој учествуваат практичари од областа на безбедноста во регионот.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ, на отворањето на семинарот ги нагласија важноста на регионалниот пристап кон растечките безбедносни предизвици, оценувајќи дека терористичките групи постојано го менуваат начинот на работа на терен и на интернет, што бара нови одговори на национално и на регионално ниво.

„Тероризмот и насилниот екстремизам ги сметаме не само глобална закана, туку и огромен ризик за Балканот. Во таа насока нашето министерство активно соработува со сите релевантни актери во сите аспекти на спречување и сузбивање на насилниот екстремизам“, изјави Спасовски.

Свилановиќ во своето обраќање потенцираше дека во променливо безбедносно опкружување активности се насочени кон решавање на прашањето на повратнците, нивната дерадикализација и реинтеграција, дијалог на заедницата со младите, сузбивање на насилниот екстремизам и пропагандата на интернет и поддршка на агенциите задолжени за овие прашања за спроведување на законските овластувања.

На семинарот, како што соопшти РСС, воедно се разговара и за моменталната состојба во Македонија на полето на дерадикализацијата, потоа за важноста од интегративното безбедносно управување и за Иницијативата за контра-тероризам на Западен Балкан.

Вториот дел од семинарот ќе биде посветен на повеќе сесии на кои ќе се презентираат практични искуства во справување со радикални наративи, пред се преку поделба на улогите на чинителите во тој процес, на важноста на спречувањето на радикализмот во затворите, значењето на радикализацијата преку он-лајн мрежите и како таа може да биде контекстуализирана во стратегиите за сајбер-безбедноста.

Семинарото го организраат Регионалниот совет за соработка и Министерството за внатрешни работи. Регионалниот совет за соработка е оперативно тело на земјите членки на Процесосот за сорабока во Југоисточна Европа, чиј полноправен челн е и Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...