fbpx

Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека имаат поддршка и од пратеници

-

Борбата за демократија во ВМРО-ДПМНЕ е, всушност, борба за демократија во Република Македонија, за што имаме голема поддршка, вклучително и од многу од пратениците на партијатa, соопштија денеска членовите на Републичкиот штаб за реформи и за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ.

– Демократска држава е можна само ако постојат и демократски политички партии – рекоа првите луѓе на Штабот за реформи, зборувајќи на јавна трибина што ја спроведе невладината организација „Цивил“.

Тие додадоа дека суштината на промените во ВМРО-ДПМНЕ е нејзината децентрализација кога станува збор за носењето одлуки.

– Срцето на проблемот не е персонален, туку е во статутот на партијата и во другите акти по кои се избира лидерот и му се даваат овластувањата – изјави Петар Богојески, еден од водачите на движењето за реформа во ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека таквиот начин на централизирано водење на партијата доведе до огромна недоверба кон другите во партијата.

– Таа недоверба е основната причина зошто во ВМРО-ДПМНЕ беше „лиценциран“ и сè уште постои таканаречениот систем на меници – рече Богојески.

Илија Илијоски, член на штабот, рече дека декларацијата за демократизација и за реформи е доставена до централата на партијата уште на 29 јуни годинава, адресирана е до централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и дека очекуваат да бидат повикани на разговор. На прашањето што доколку тоа не се случи, беше кажано дека имаат варијанти за секоја ситуација.

– Ние сепак веруваме дека нашето движење ќе стане толку масовно што едноставно ќе мора да се разговара за ова прашање – оцени Алексадар Михајловски, еден од водачите на штабот.

Тој додаде дека ја гледа Македонија како држава во која владее правото и во која постојат лостови на контрола на власта, вклучувајќи ги и независните институции и независните медиуми.

– Ние се залагаме за постоење на силно специјално обвинителство и за специјален суд за борба против корупцијата, како трајни инстиитуции. Не смее никогаш повеќе да се дозволи прашањето на криминалот и на корупцијата да зависат само од личната самоконтрола на политичарите – додаде Михајловски.

Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ јавно се извинија за шовинистичките пароли искажани на почетокот на протестите организирани од неформалното здружение „За заедничка Македонија“, го осудија влегувањето и насилствата во Собранието на 27 април, со оценка дека многу од граѓаните биле заведени и дезинформирани и најавија целосно свртување во однос на пројави на национализам и на шовинизам.

– Ние сметаме дека е доста од вложување во национални партии, туку треба вложување во граѓаните што живеат на овие простори. Нашиот однос кон граѓаните кои не се со македонски етничко потекло е целосно космополитиски и таква ја гледаме ВМРО-ДПМНЕ во иднина – изјави Алексадар Коневски-Цезар, исто така дел од штабот за реформи.

Од штабот за реформи потврдија дека се соочуваат со бројни и недолични физички закани и закани кон нивните семејства, но она што навистина ги загрижува се заканите кон членството на ВМРО-ДПМНЕ, кое е соочено со такви притисоци, што не смее да покаже дека сака реформи во партијата ни на социјалните мрежи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...