fbpx

Реформаторите бараат управувачки комитет што ќе организира нов конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

-

Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција посочи дека одговорноста за изборниот пораз паѓа на Никола Груевски и на мал број луѓе околу него и побара во партијата да се организира управувачки комитет, кој ќе го организира следниот конгрес на партијата, а на кој би се изгласал нов подемократски статут на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што рече Петар Богојески, Никола Груевски треба да ја прифати одговорноста и за потрошеното време во партијата кое било посветено на притисоци, етикетирања и на нови поделби. Реформаторите жалат за загубената доверба на граѓаните и порачуваат дека единственото решение е сега преку здрава и демократска дискусија во партијата да се пронајдат причините за тоа и партијата да излезе подобра од целиот тој процес.

– Ова е време да дејствуваме достоинствено, да се соочиме со реалноста, да преземеме активности и мерки за да ја вратиме довербата на граѓаните – рече Богојески.

Во име на иницијаторите за внатрешно реформирање на партијата, тој побара сите општински и месни комитети на партијата да се отворат за здрава дискусија и веднаш да престанат сите закани за исклучување кон членовите што не се согласуваат со водството.

– Господине Груевски, иднината е во обединување, а не во поделби – рече Богојески, најавувајќи дека во седиштето на партијата ќе поднесат барање веднаш да почне постапката за формирање на управувачкиот комитет кој би го организирал следниот конгрес.

Доколку не бидат исполнети барањата на реформаторите, како што рече Богојески, тие ќе преземат пожестока акција сè додека партијата не се демократизира. Но, како што нагласи, тоа ќе подразбира внатрепартиско дејствување.

– Бараме партија каква што ни ја оставија предците, а не заробена партија Ни треба енергија за нови победи, а не реваншизам и закани – рече Богојески.

Одговарајќи на новинарско прашање, Богојески рече дека сосема погрешно е да се бараат предвремени парламентарни избори, затоа што, како што покажале резултатите од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ ваква каква што е „може да се надева само на пораз“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...