fbpx

Референдумот во Валандово е неуспешен

-

Референдумот за рудникот Казандол во Валандово не го исполни законскиот цензус за да биде успешен, информираа од иницијативата „Спас за Валандово“.

На референдумот излегле да гласаат 4.700 гласачи, наместо потребните минимум 5.200 гласачи, односно цензусот за излезност на 51 отсто од граѓаните.

„Во последните 48 часа, неколку пати молкот беше нарушен со делење на пропагандни материјали, реклами на „Радио Валандово“ и тропање на врата на граѓаните од страна на локални функционери и претставници на една од политичките партии. Во текот на предвечерието пред референдумот, имаше дури и телефонски јавувања од носители на јавни функции, кои на вработените им се закануваа со помали плати и отпуштања, а на пензионерите им велеа дека ќе им ја прекинат пензијата“, велат од оваа иницијатива.

Од таму додаваат дека избирачкиот список не бил прочистен, а Општинската изборна комисија на денот на гласањето не направила ниту еден пресек на гласови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...