fbpx

Реџепи: Гасоводот преку Водно ќе се гради, се чекаат потребните дозволи

-

Ќе продолжи ли изградбата на гасоводната траса преку Водно или ќе запре поради прекројувањето на државната каса со кое ќе има кратење на значителен дел од средствата наменети за инфраструктурни проекти, како што е гасификацијата?

Според Македонски енергетски ресурси (МЕР), претпријатие кое го реализира проектот на гасификација и кој ја гради и трасата на гасоводната делница 5, Скопје – Тетово – Гостивар, работите околу изградбата на другите делови од трасата се одвиваат непречено.

– Очекуваме да заврши процедурата во Министерството за транспорт и врски околу дозволата за изменетата траса преку Водно и кога ќе ја добиеме, работите на изградбата на гасоводот на тој потег треба да продолжат“, вели директорот на МЕР, Бајрам Реџепи.

Според него, изградбата на оваа гасоводна делница не е засегната од ребалансот на буџетот бидејќи парите за овој проект се одамна обезбедени.

Вчера, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески  рече дека, наспроти оптимизмот дека изградбата на гасоводот на Водно ќе се деблокира и дека парите ќе се искористат до крајот на годинава, тоа немало да се случи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...