fbpx

Речиси сите пратеници се пријавија да говорат за импичментот на Иванов

-

Почна собраниската расправа за предлогот за утврдување одговорност за претседателот Ѓорге Иванов, поднесен од СДСМ и од нивните коалициски партии, а за збор се пријавија речиси сите пратеници. Предлогот го образложи Рената Дескоска од СДСМ, која рече дека со аболиција на 56 лица, Иванов прекршил неколку членови на Уставот и за тоа треба да сноси одговорност.

– Живееме во услови на тешка политичка и уставна криза. Криза во која Собранието и судовите престанаа да си ја вршат својата функција, а институциите се покорија на желбите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Една од тие институции е и институцијата Претседател на државата. Со поднесување на аболициите, тој само долеа масло на огнот и сакаше да ги затвори вратите за решавање на кризата, а со нивното повлекување, господинот Иванов призна дека згреши, но тоа не го амнестира од одговорноста. Напротив, Иванов со повлекувањето на аболициите требаше да си поднесе и оставка – рече Десковска.

Пред пратениците се обрати и претседателот на ресорната комисија, Зоран Илиоски, кој рече дека предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Иванов не е основан и дека, според комисијата, Иванов не ги прекршил Уставот и законите туку само работел според своите надлежности.

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, побара претседателот Иванов пред пратениците да ја образложи својата одлука за поднесување на аболициите и за нивно повлекување. На ова претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, му одговори дека до Иванов е упатена покана, но тој не мора да ја прифати.

Пратеникот Горан Мисовски, пак, побара Иванов да си поднесе оставка и на крајот на октомври или на почетокот на ноември заедно со предвремените парламентарни избори да се одржат и претседателски.

Седницата на која се расправа за отповикувањето на Иванов сè уште трае.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...