fbpx

Реал Мадрид го освои Супер купот во Скопје – Манчестер jунајтед поразен со 2:1

-

Екипата на Реал Мадрид вечерва во Скопје го освои Супер купот, победувајќи го Манчестер jунајтед со 2:1 на градскиот стадион „Филип Втори“ во Скопје.

„Кралевите“ по четврти пат ќе го однесат трофејот во Супер купот во Мадрид.

Првото полувреме заврши со резултат 1:0 за „кралевите“, откако Касемиро ја затресе мрежата на „црвените ѓаволи“ во 24. минута од натпреварот.

Реал Мадрид го зголеми водството на 2:0 во второто полувреме, со погодокот на Иско Аларкон во 52. минута.

„Црвените ѓаволи“ успеаја да го намалат водството на „Реал Мадрид“ во 62. минута, со погодокот на Ромелу Лукаку, кој им даде надеж на своите навивачи на стадионот дека, сепак, не е сè завршено и дека сè уште има шанса да изедначат.

Сепак, играчите на Манчестер јунајтер, и покрај тоа што во текот на натпреварот почесто ја имаа топката, не успеаја своите фантастични акции да ги крунисаат со гол.

Ѕвездата на Реал, Кристијано Роналдо, влезе во игра дури во 83. минута и дополнително ја вжешти атмосферата на стадионот „Филип Втори“, но не успеа да постигне гол, ниту во 97. минута кога беше непрецизен при изведувањето слободен удар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...