fbpx

Реакција на Министерството за здравство за прес-конференцијата на СДСМ

-

Во врска со одржаната прес-конференција на Гоце Чакаровски од СДСМ, реакција испрати Министерството за здравство.

„Министерството за здравство испрати допис до директорите на јавните здравствени установи, со кој им укажа на начинот на организирање на работното време, во согласност со претходно одржаните состаноци со Лекарската комора, како и контактите со Синдикатот. Во овој допис е точно утврден начинот на организирање на работниот ден во амбуланта на докторите, по следниот распоред: утрински состанок и визита во времетраење од вкупно 30 минути, период за закажани прегледи во „Мој термин“ – вкупно 6 часови дневно, 1 час за контролни прегледи и 30 минути пауза. За доктори во јавни здравствени установи кои работат 8 часови дневно, предвидено е да бидат креирани 24 термини за преглед дневно, што значи секој преглед трае барем 15 минути“, се вели во соопштението.

Од Министерството тврдат дека со претходниот начин на организирање на работниот ден, времетраењето на прегледот било утврдено на околу 10 минути, но по одржаните состаноци со претставници на Лекарската комора и синдикатот, со новиот начин на организирање на работниот ден, просечното времетраење на прегледот изнесува барем 15 минути. Во секој случај, тврдат од Министерството, и времетраењето од 10 и од 15 минути е подолго од времето кое досега одредени доктори го поминувале во прегледување пациенти. Целта на ваквиот начин на организирање на прегледите е да се зголеми времетраењето на прегледот на пациентите, а не да се намали.

„На овој начин, се спречува можноста докторите за многу пократко време да го прегледаат пациентот, односно да не посветат доволно време и внимание при вршење на прегледот. Ова е констатирано со анализа на податоците во системот „Мој термин“, со која се утврди дека одреден број доктори реализирале и по 40-50 амбулантски прегледи во денот, што во споредба со траењето на работното време покажува дека на пациентите им посветувале многу помалку од 10 минути, а не, пак, 15 минути како што се препорачува“, реагираат од Миистерството.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...