fbpx

Разрешувањето на Зврлевски се помести понапред на собраниската седница

-

Пратениците на Собранието на Република Македонија го усвоија дневниот ред на 6. седница и решија барањето на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, да биде петта наместо 30. точка на дневниот ред.

Зврлевски до паузата не се појави во собраниската сала. Тој има право да им се обрати на пратениците.

Претходно пратениците одбија два предлога на опозицијата за законски измени по брза постапка. Првиот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на седницата да биде ставена точката Собранието по скратена постапка да донесе закон со кој се предвидува опозицијата да го предлага јавниот обвинител и тој да се избира со двотретинско, наместо со просто мнозинство беше отфрлен со мнозинство гласови.

Собранието го одби и предлогот на опозицијата за измени по брза постапка во Законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, со кои се предвидува веднаш да се укине радиодифузната такса.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...