fbpx

Разрешена директорката на Филхармонија, Маја Чаначевиќ

-

Министерството за култура на Република Македонија донело решение за разрешување на Маја Чаначевиќ од функцијата директор на Националната установа Македонска филхармонија – Скопје. За вршител на должноста директор во оваа установа е назначен Виктор Илиески, член на ансамблот на филхармонијата.

Во соопштението од Министерството за култура се вели дека според наодите на инспекциските служби, директорката на установата не го усогласила работењето со законските одредби и со статутот на установата. Според соопштението, Чаначевиќ не донела годишна програма за работа на Филхармонија во 2016 и 2017 година, делела повеќе гратис билети отколку што ѝ било дозволено со одлука на управниот одбор, односно за отворањето на новата концертна сала директорката поделила дури 636 гратис билети од вкупно 960 билети, без прецизна евиденција кому се доделени билетите.

Инспекциите утврдиле и, велат од Министерството за култура, дека за двајца вработени музичари, кои според евиденцијата подолг временски период не доаѓале на работа, директорката не презела мерки во согласност со законот и со статутот, а на едниот од нив, за вршење работни задачи што не се во описот на неговото работно место, покрај платата, дополнително му исплатила 550.683 денари.

Во образложенијата за смената се вели и дека директорката Чаначевиќ нема подготвено решенија за распоредување на вработените на работни места во согласност со новите акти за систематизација и за внатрешна организација на работните места, а направила трошок за мобилен телефон над одобрениот максимум и разликата не ја надоместила од својата плата. Како вина ѝ се припишува и тоа што не спровела постапка за реаудиција, а филхармонијата нема воведено електронски систем за евиденција на работното време на вработените.

Министерството вели дека оваа и другите смени на раководни кадри се прават заради „ослободување од партиски кадри“.

„Министерството за култура потсетува дека именувањето на в.д. директори се прави за што поскоро ослободување на клучните институции, кои досега беа заробени од партиски кадри. Ја информираме јавноста дека наскоро време ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници, за да се одблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта во сите ресори. По исполнување на законските услови, низ целосно отворен и транспарентен процес, Министерството за култура ќе распише конкурси и ќе спроведе постапки за избор и за именување на нови директори на националните установи“, соопштува Министерството за култура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...