fbpx

Разлика од 24 отсто меѓу Нова демократија и СИРИЗА според нова анкета во Грција

-

Голема разлика во рејтингот и во популарноста меѓу Нова демократија и СИРИЗА покажува новата анкета на јавното мислење спроведена од грчката агенција „Паблик ишјус“. Според анкетата, десничарската Нова демократија води со 24 проценти пред владејачката партија на Алексис Ципрас.

Резултатите од анкетата спроведена во октомври покажуваат дека рејтингот на Нова демократија меѓу гласачите е 42 отсто, а на СИРИЗА само 18 отсто меѓу испитаниците. На третото место се Златна зора и ПАСОК, и двете со рејтинг од 8 отсто, додека на четврто место е Комунистичката партија со 7,5 отсто поддршка од испитаниците.

Според анкетата, за влакно во парламентот би влегле Река, Унија на центристи и Независни Грци чиј рејтинг е само три отсто, односно на самата граница за влез во собранието.
Анкетата покажува дека 30 отсто од гласачите сè уште се неопределени.

Испитаниците сметаат дека Кирјакос Мицотакис би бил посоодветен премиер од Алексис Ципрас. Лидерот на десничарите, според 42 отсто од испитаниците, е подобра верзија од Ципрас, кого го поддржуваат само 21 отсто од испитаниците и чиј рејтинг е опаднат за 2 отсто во споредба со анкетата од септември.

Сепак, висок е бројот на испитаници, 35 отсто, кои сметаат дека ниту еден од нив не треба да ја води државата. Дури 51 отсто од испитаните сметаат дека за Грција не е добра ниту влада на СИРИЗА, ниту на Нова демократија. Незадоволството од двете партии се гледа и кај одговорите на прашањето колку граѓаните се задоволни од двете најголеми партии. 91 отсто од испитаниците изјавиле дека се незадоволни од работата на владата, додека 79 отсто изјавиле дека се незадоволни од работата на опозицијата.

Околу можноста за распишување предвремени избори, народот е поделен, па 50 отсто од испитаниците сметаат дека веројатно се потребни избори, додека 48 отсто дека не се потребни предвремени избори.

Мнозинството испитаници сметаат дека финансиската ситуација во државата ќе се влоши, а дури 89 отсто мислат дека државата оди во погрешна насока.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...