fbpx

Разбојник нападнал жена и ѝ ја одзел чантата

-

Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против А.Р. (25) од Охрид, поради постоење основан сомнеж дека сторил разбојништво.

Пријавениот, на 19 декември, физички нападнал жителка на Охрид, по што се обидел да пребарува по нејзината чанта и по облеката. Настанот се случил околу 16 часот, на пресекот на улиците Димитар Влахов и Кузман Јосифоски во Охрид.

Пријавениот ја пречекал оштетената која поминувала покрај него. Тогаш физички ја нападнал, по што таа паднала на асфалтот во простор меѓу паркирани возила на улицата. Почнал брзо да пребарува по нејзината чанта и по џебовите од капутот.

Оштетената побарала помош по што пријавениот веднаш избегал.

СВР од Охрид, набрзо по пријавувањето на настанот, презеде оперативни мерки, го пронајде и го приведе А.Р.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...