fbpx

Разбиена криминална група во рамки на акцијата „Мрежа“

-

На 23 овој месец, по спроведена повеќемесечна истрага, секторот за недозволена трговија со дрога при одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал реализираше случај на недозволена трговија со наркотична дрога, при што во моментот од слобода се лишени пет лица, македонски државјани, сите членови на криминална група, соопштија од МВР.

Според досегашните документирани сознанија, оваа криминална група подолг временски период се занимавала со недозволена трговија и со препродажба на кокаин низ улиците на Скопје. Имено, кокаинот го препродавале како на дилери така и директно на зависници по цена од 60 до 70 евра за еден грам.

Во рамки на акцијата, која е дел од оперативната обработка „Mрежа“, запленети се 20 грама кокаин, вага, патничко моторно возило „голф 5“, пиштол со три рамки и со 15 куршуми, повеќе СИМ-картички и мобилни телефони, а од осомничените привремено се одземени и парични средства во износ од 40.000 евра.

Досега, во рамки на оперативната акција „Мрежа“ кривично се пријавени повече од 185 лица, а запленети се преку 525 најразлични видови наркотична дрога.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...