!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Разбиена банда крадци на луксузни возила во акција на Европол


       
Хаг, 15 септември, 2016 - 19:48 (META) 

Европската полиција (Европол) денеска соопшти дека разбила меѓународна организирана криминална група, чии членови се осомничени за кражби и за препродавање на луксузни автомобили во Европа и во Северна Африка.

Полициите на Италија, Шпанија и на Белгија извршиле 28 апсења и претреси на 29 локации во Италија и во Шпанија, соопшти Европол.

Според информациите, водачите на криминалната група се со потекло од Италија и од Мароко, а имале широка мрежа на соработници низ цела Европа.

Во полициската акција биле запленети 40 автомобили, чија вредност, според италијанската полиција, се проценува на околу 3 милиони евра, но и компјутери, лажни лични карти и фалсификувани пари.

Истрагата за групата почнала минатата година, по бројните пријави од жртви чии возила биле украдени. Италијанската полиција ја открила шемата по која оперирала групата, а одвоени истраги биле водени и во Белгија и во Шпанија.