fbpx

Расте бројот на загинатите во Анкара

-

Триесет и седум загинати и 125 повредени е последниот биланс од експлозијата на автомобил-бомба во центарот на турскиот главен град Анкара, соопшти турскиот министер за здравство.

Мехмет Муезингоглу рече дека во болница се префрлени 125 повредени, од кои 19 се во критична состојба. Се верува дека меѓу загинатите се и двајцата напаѓачи.

Министерот за внатрешни работи најави дека името на организацијата која е одговорна за нападот ќе биде соопштена на крајот на истрагата.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нападот нема да ја намали одлучноста на Турција во борбата против тероризмот и оти државата нема да се откаже од правото да го брани своите граѓани.

– Нашиот народ не треба да се грижи, борбата против тероризмот сигурно ќе се заврши со успех и тероризмот ќе биде фрлен на колена. Терористичките организации, кои напаѓаат недолжни граѓани, ја губат битката против нашите безбедносни сили, рече Ердоган и повика на национално единство.
Очевидци велат дека експлозијата можела да се чуе на оддалеченост од 2,5 километри, а густ облак чад се издигал над центарот на градот.

Подрачјето во близина на зградата на судот и министерството за правосудство и за внатрешни работи било преполно со луѓе во моментот кога одекнала експлозијата во 18.43 часот по локално време, објави државната телевизија ТРТ.

Во меѓувреме, судот во Анкара забрани пристап до Фејсбук, Твитер и останатите сајтови, откако социјалните мрежи се појавија фотографии од вчерашните бомбашки напади.

Турскиот весник „Хуријет“ денеска јавува дека САД уште пред три дена ги предупредиле своите државјани дека можни се терористички напади во Анкара.

Сочувство и осуда за нападот испратија генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, британскиот премиер Дејвид Камерон, шефот на француската дипломатија Жан-Марк Еро, претседателот и премиер на Русија, Владимир Путин и Дмитриј Медведев, српскиот премиер Александар Вучиќ, како и американскиот Стејт департмент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...