fbpx

Се зголемува бројот на протести во САД

-

Демонстрантите во Њујорк и во другите американски градови трета ноќ по ред протестираат против полициското насилство над малцинствата, а обвинителите најавија дека ќе ја разгледаат пријавата против полицаецот кој во ноември уби невооружен Афроамериканец.

Убиството на Акаи Герли (28) во Бруклин, е последно во серијата смртоносни полициски акции што предизвика згрозување кај јавноста поради расното насилство на силите на редот и на мирот.

Последниот бран масовни, но мирни протести почна во средата, кога Големата порота во Њујорк ги отфрли обвиненијата против белиот полицаец Даниел Пантали, кој во јули го задуши Ерик Гарнер, 43-годишен црнец и татко на шест деца. Одлуката беше објавена девет дена откако Големата порота во Мисури, исто така, одлучи да не покрене обвинение против белиот полицаец кој летоска го уби црниот тинејџер Мајкл Браун во Фергусон.

Во четврток, протести избија во Феникс, Аризона откако, две дена претходно, на 4 декември, полицаец во турканица уби невооружен црн човек.

Демонстрации се одржаа и во Чикаго, Бостон, Вашингтон, Њу Орлеанс и во Оукланд.

Државниот правобранител во Бруклин, Кенет Томпсон, во петокот соопшти дека ќе ја свика Големата порота за да одлучи дали ќе се покрене обвинение против полицаецот кој го уби Герли. Полицијата соопшти дека полицаецот Питер Лианг можеби случајно пукал.

Серија убиства на црнците го принудија американскиот политички естаблишмент да се фати со решавање на очигледниот проблем со расизмот, која доминира кај полицијата во однос на припадниците на другите заедници кои имаат поинаква боја на кожа.

Демонстрантите тврдат дека расизмот е структурен проблем во локалната полиција низ целата земја. Статистичките податоци покажуваат дека црнците се претресуваат, обвинуваат и се осудуваат многу почесто во споредба со белците, а полицијата многу ретко одговара за своите насилнички дејства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...