fbpx

Распишани годишните конкурси за културни проекти од национален интерес

-

Министерството за култура денеска ги распиша годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година. Тие се отворени до 15 ноември, резултатите ќе бидат објавени околу Нова година, а за поддршка и за помош на заинтересираните корисници ќе бидат организирани и инфосесии во наредните 45 дена.

Министерот Роберт Алаѓозовски на прес-конференција рече дека ја исполниле целта конкурсот да го објават во септември, кога е законскиот рок, но во исто време успеале значајно да ги редизајнираат конкурсните документи. Тие се во согласност со критериумите и приоритетите на новата стратегија за култура, која е се уште во јавна расправа.

– Бидејќи овој повик за годишна програма се објавува сега, а треба да опфати проекти дури до крајот на годината, веројатнио ќе го дополниме со уште еден отворен повик кој ќе трае во текот на целата година со т.н. ад хок повици за сите кои имаат поитни проекти да може да изреагираат – рече тој.

Конкурсите се наменети за физички лица кои се државјани на Република Македонија и за правни лица од областа на културата. На нив не може да се пријавуваат националните установи, кои се финансирани преку нивните годишни програми за кои постои посебен повик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...